Search

Измерени рекордни 40 степени: Кој град беше најтопол денес во Македонија

Денеска во Македонија беше сончево и многу топло.

Имаше мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Најтопол град денеска е Велес каде температурите достигнаа 40 степени.

Во продолжение пресек до 17 часот според УХМР:

24 степени во Попова Шапка, 28 степени во Крушево, 29 степени во Лазарополе, Маврови Анови, 32 степени во Берово, Охрид, Претор, 34 степени во Крива Паланка, Прилеп, 35 степени во Тетово, 36 степени во Битола, 37 степени во Виница, 38 степени во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Струмица, Гевгелија, 39 степени во Кавадарци, Демир Капија, 40 степени во Велес.

Треба да знаете
Последни објави