Голем пожар во Македонија – постои опасност да изгори и цело село

Пожар избувнал попладнево во близина на валандовското село Марвинци, информираат од Центарот за управување со кризи. Гори сува трева а на терен се излезени 3 противпожарни возила и 8 пожарникари и на помош се повикани од ТППЕ Гевгелија со 1 ПП возило и 3 пожарникари.

Постои опасност пожарот да се прошири накај селото, а во близина на пожарот има штали.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот зафатил сува трева и прнар, на терен го гаснат три против пожарни возила и 8 пожарникари, а на помош се повикани и пожарникари од ТППЕ Гевгелија со едно против пожарно возило.

Според информацијата од градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, пожарот е пренасочен и пожарникарите не дозволуваат да се прошири кон селото Марвинци.

Инаку, на територијата на Општина Валандово има уште еден активен пожар во селото Чалаклија, а вчера имало пожар меѓу селата Пирава и Јосифово.

Треба да знаете
Последни објави