Search

Тунелот Логара, еден од најголемите проекти во Албанија, ќе биде пуштен за сообраќај на 5 јули

Еден од најголемиоте јавни проекти во Албанија – Тунелот Логара во југозападниот дел од државата – што ги поврзува приморските градови Валона и Саранда, ќе биде пуштен за сообраќај на 5 јули.

Логара се наоѓа на околу 20 километри јужно од Валона и инвестицијата во него е вредна 142 милиони евра, и според албански медиуми – има директно влијание врз целата албанска економија.

Албанскиот премиер Еди Рама на социјалните мрежи објави фотографии од работата врз тунелот.

„Логара“ ќе има должина од близу 6 километри – Главниот тунел е широк 7,70 метри и висок 4,70 метри, со тротоари од двете страни со должина од по 1,17 метри и е опремен со вентилација, дренажен систем и систем против пожар и чад.

Треба да знаете
Последни објави