Search

Спасовски: Предлогот за Влада е без план во економијата и стратешките цели

Од она што денеска беше соопштено во јавноста при поднесувањето на предлогот за работа и состав на новата Влада јасно е дека не постои јасен план во делот на економијата, нема јасни правци за стратешките интереси а кадровскиот потенцијал којшто се нуди не одговара на очекувањата на граѓаните, рече денеска во изјава за медиуми координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.

-Од поднесениот предлог за состав на новата Влада може да се констатира дека се продолжува во насока на големи ветувања и напразно кревање на очекувањата на граѓаните. Во суштина важи народната “каде што имаат големи ветувања одете со мала торба, рече Спасовски.

Не постои јасен план во делот на економијата, додаде тој.

-Не постои јасен план во делот на економијата. Како и на кој начин ќе се заштити минималната плата? Како ќе расте просечната плата во државата? Нема детален план како ќе растат пензиите и кој ќе биде системот на гарантирање на растот на пензиите. Како ќе се стопираат зголемувањата на цените, што ќе се прави во делот на здравството како еден од клучните сегменти, посочи Спасовски.

За жал немаме ниту јасни правци за исполнување на нашите стратешки интерери, членството во ЕУ, освен декларативните, потенцираше Спасовски.

Кадровскиот потецнијал којшто се нуди не може да одговори на очекувањата на граѓаните ниту пак на ветувањата кои што беа дадени во предизборниот период, додаде тој.

-Ова е Влада којашто е составена од една страна со кадри кои креираа политики во еден период на вледеењето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ до 2017 година, кои не може да понудат ништо ново или подобро од тоа што било во тој период. Од друга страна кадри кои не биле на позиции и за кои не можеме да кажеме како ќе постапуваат. Има предложени кадри за коишто самото ВМРО-ДПМНЕ имаше многу негативни ставови и мислења како опозицијата. Се сеќавате на изјавите за кандидатот за министер за здравство. Така да се тоа уште еднаш потврдува дека нема реалност во ветувањата. Детално ќе ја анализираме програма и на седницата за избор на Влада ќе дебатираме со факти и аргументи, рече пратеникот Оливер Спасовски денеска во изјава за медиуми во македонското Собрание.

Треба да знаете
Последни објави