Search

Приведени шест лица, затекнати како питачат на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје

По преземени мерки за сузбивање на питачење на подрачјето на Центар и Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Центар привеле шест лица од Скопје, кои биле затекнати како питачат на булеварот „Гоце Делчев“.

– Денеска во периодот од 11.00 до 12.00 часот, по преземени мерки за сузбивање на питачење на подрачјето на Центар и Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Центар ги привеле Д.Ј.(24), Р.Ј.(22), Ф.Ј.(39), Б.Б.(35), А.А.(31) и З.Д.(31), сите од Скопје, кои биле затекнати како питачат на бул.„Гоце Делчев“, информираат од МВР.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави