Search

Почина познатиот новинар Иван Мачето

Почина Иван Андреевски, познат новинар и уредник во Македонската телевизија , познат и како Иван Мачето.

Роден е на 25 јуни 1947 година, во Доленци, Демирхисарско. Завршил студии по политички науки во Белград и од 1971 година стапил на работа во Македонската радиотелевизија, како нејзин стипендист. Работел на репортажи, документарни филмови, фељтони. Бил директор и одговорен уредник на Телевизија Скопје (1986-1990); ангажиран од Ројтерс, Слободна Европа, Јутел и како претседател на Здружението на новинарите на Република Македонија. Од 2006 година е член на Советот за радиодифузија.

Треба да знаете
Последни објави