Search

Потреба од организирање на „Саем на спортот“ во Македонија

Пишува: Иван Анастасовски, професор на Факултет за физичко образование, спорт и здравје

Општа констатација е дека спортот е значајна дејност, кој терминолошки значи забава, радост, дружење, игра, култура на човекот… и токму поради овие постулати треба да го поддржуваме,  да се занимаваме со него, да го браниме и да го развиваме во правилна насока. Во 2005 година кога Обединетите Нации ја прогласија за година на спортот и физичката активност, како потесетување на самата церемонија Кофи Анан тогашниот генерелен секретар, ќе изјави дека „спортот е унверзален кој ги зближува луѓето и ги учи на тимска работа и толеранција“. Спортот претставува општо богатство и потреба на човештвото, тој е слика и одраз на едно општество и има улога на обновување на општеството. Достапноста и отвореноста се темелни принципи на спортот.

Ако се следи примерот на многу развиени држави од Западна Европа, како на пример: Република Чешка насловен “INCHEBA EXPO PRAHA”, Република Италија насловен „SportExpo“, следи го линкот:, Република Германија  насловен „ISPO Munich“, следи го линкот:, но и државите од нашето опкружување, како на пример: Република Србја „Спорт је закон“, следи го линкот http://www.sajam.serbiansport.com/, Република Хрватска насловен „SportFest“,тука би ги прокоментирал и земјите како Република Кина, насловен „ExpoPromotor“, понатака Индонезија „ISEF“, следи го линкот:, Канада, насловен „SCME“, Република Украина, насловен „SPORT EXPO UA“, следи го линкот: Сакам да предочам дека постојат многу примери како Свет, Европа и опкружувањето се гордее и ги презентира сопствените спортски успеси, преку саеми на спорот ораганизирани во различни форми на поставеност, и овде морам да напоменам дека не само од аспект на спортски резултати, туку и промовирање на активности за здрав живот, фитнес и рекреација, промовирање на различни спортски брендови (опрема и производи) итн. Од тие причини мислам дека е време за организирање на „Саем на спортот“ во Македонија во нејзиниот главен град Скопје.

Очекувана поддршка на идејата

Јас сакам да верувам дека новата Влада на Македонија која веќе го оствари ветеното за Министерство за спорт јасно и недвосмилсено ќе ја прифати оваа идеја, и со целиот свој капацитет ќе се инволвира во реализација на идејата. Покрај Владата, неопходно е учество на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, како дел од Универзитетот Св. Кирил и Методиј, понатака инволвираност на сите спортски федерации и асоцијации, спортски клубови и производители и дистрибутери на спортска опрема, и сите оние кои имаат свои допирни точки со спортот, рекреацијата, фитнесот, менаџмент и маркетинг во спорт, а сето тоа да профункционира најнеопходните се медиумите особено спортските како и граѓанскиот сектор. Идејата предвидува Саем на спорт да се оржува на една или две години (зависно од капацитетите) на самата држава. Саем на спорт има за цел да ги промовира спортските вредности на нашата држава сите успеси на македонскиот спорт, како и да ја прикаже спортската историја на Македонија. Самот на спорт ќе даде можнст на секој од спортските клубови да ги промовираат сопствените успеси и сопствениот спортски развој и напредок. Оваа би претствувало одлична можност ншиот македонски спорт (достигнувања, напредок, успеси) да биде прикажани и достапни во еден настан на целата македонска јавност преку едно заедничко другарување, учење и промовирање. Унапредувањето на спортот се остварува низ негување на основните спортски вредности, а со цел за подигнување на свеста на граѓаните за значењето на нивното вклучување во спортот и спортско-рекреативните активности во насока на подигнување на квалитетот на нивното живеење, со што тој  ќе стане еден од основните чинители на секојдневието и своевидна филозофија на живеење. Во оваа насока, не смееме да заборавиме дека во последниве неколку години, нашиот колективен спорт бележи позначителни резултати, кои покрај бенефициите што му ги дадоа на нашето општество, бараат и нов квалитет во делот на менаџментот и управувањето, како и во нормативниот дел, со цел на унапредувањето и развојот на спортот во Македонија.

Цели на идејата

Општата цел на оваа проект идеја е „Промоција и унапредување на спортот, рекреацијата и менаџментот во Македонија“. Од тука се наметнува потребата за поставување на специфични цели кои одат во правец на: Подигање и менување на свеста за спортот, рекреацијата, фитнесот и менаџментот кај општествената јавност во Македонија, Промовирање на спортски брендови (опрема и производи) во Македонија, Промовирање на сите успеси на македонскиот спорт (обврска на спортските федерации и клубови), Промовирање на историјата на македонскиот спорт, спортските акти, документи и правилници (Академскта заедница), Орагнизирање на едукативни семинари во склоп на саемот и промовирање на универзитетскиот спорт и волонтеризмот како појава.

Имајќи ја предвид определбата и интересот за промовирање на општествената вредност на спортот преку Декларацијата на Европскиот совет од Декември 2000 годна кој има изготвено документ насловен како Белата Книга за Спортот каде се презнетирани спцифичните особини на спортот и неговата општествена функција во Европа, и прпознавајќи ја значајната улога на спортот во европските општества и неговата специфична природа се наметнува потребата кај нас во Македонија, преку практична реализацијата на проекти од областа на спортот, фитнсот, рекреацијата и менаџментот за вклучување на граѓаните во сето оваа, како и нивно запознавање со целите на спортот, здравиот живот, фитнесот и рекрецијата, и можностите за управување во спорот. Понатака, запознавање на нашите граѓани со нормативниот дел кој има допирни точки спортот од сите аспекти (играчки, финансиски, управувачки, орагнизациски и инфраструктурни) ќе оди во правец на вклучување на државата (сегменти за спорт и едукација) и универзитетската фела со целиот свој капацитет да им ги доближи, прикаже и интерпретира на јасен и разбирлив начин постојните закони, акти, правилници и документи кои имаат допирни точки со спортот, а особено кога говориме за финансирањето на спортот, како и вложувањето во спортската инфраструктура. Од тие причини, неминовно е државата да ги запознае своите граѓани со програмата за капитални инвестиции во спортот, за реализација на подобрувањето на спортската инфраструктура низ изградба на спортски објекти, опфаќа: изградба на спортски сали, фудбалски игралишта, повеќенаменски игралишта, тениски терени, трим патеки, реконструкција и адаптација на постојни спортски објекти, изградба на пливачки базени, итн.

Се надевам дека и нашата држава но наредниот период ќе го има првиот Саем на спорт особено сега кога веќе е извесно дека повторно ќе имаме Министерство за спорт.

Треба да знаете
Последни објави