Search

Посетата на Австралија, кинескиот премиер ја заврши со обиколка на рафинеријата за литиум

Кинескиот премиер Ли Чианг денеска ја заврши четиридневната посета на Австралија со обиколка на рафинерија за литиум, што е индикација за интересот на Пекинг за рудата потребна за електрични возила.

Придружуван од десетина кинески претставници, премиерот го посети комплексот Тианки Литиум Енерџи Австралија во Перт, Западна Австралија, пренесе Бета.

Компанијата е 51 отсто во сопственост на Кинезите, вклучувајќи ги и рудникот за литиум и рафинеријата.

Австралија обезбедува 52 отсто од светскиот литиум, од кој најголем дел се извезува во Кина.

Според француските медиуми, инвестирањето на кинеските акционери во рударската индустрија во Австралија е чувствително прашање.

Треба да знаете
Последни објави