Search

Деспотовски: СДСМ ќе се врати на вредностите од АСНОМ

Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски продолжи со непосредни средби со членовите на партијата. На средбата во Велес беше истакнато дека една од клучните заложби на партијата ќе биде враќањето на вредностите и традициите од АСНОМ.

„Доаѓам од семејство со долга традиција на слободарски вредности. Мојот дедо Јоле Деспотовски беше дел од партизанското движење во западна Македонија, а потоа и дел од југословенската народна армија до својата пензија. Со 18 години се зачленив во СДСМ верувајќи дека оваа партија најдобро се грижи за интересите на државата Македонија и на сите граѓани. Во многу историски моменти покажавме дека сме на вистинската страна. Повторно мора да го покажеме тоа.  

На средбата Деспотовски ја презентираше програмата во која клучна реформа е зајакнување на членството и воведување директен избор на кадри, за која рече дека е добро што ја прифатиле и останатите кандидати.

„СДСМ избори добива со душа и со срце. И ние тоа го изгубивме. Тоа е системски проблем кој се обидуваме сега повторно да ја замениме со наметнување решенија. Тоа се покажа дека не е добро. Затоа ни е потребна реформа и системско решение. А, тоа е многу едноставно. Претседателот на општинската организација, кандидатот за градоначалник, за пратеник не може да се бира во Скопје. Не можам јас да знам што е подобро од вас самите што е најдобро за вас во Велес. Затоа воведуваме директен избор на носителите на сите функции во партијата. Членството одлучува кој ќе ги преставува. Ова е единствениот начин како градоначалникот и пратеникот да бидат одговорни кон луѓето а не кон лидерот. Исто како што се бира претседател на партија така да се бира и градоначалник. Тоа е најдобра анкета за да знаеме кој чини, а кој не чини како кадровско решение. Секој сака да му се слушне гласот и има право за тоа, “ нагласи Деспотовски.

Треба да знаете
Последни објави