Search

Во Карпош се поставува средство против змии

Од општина Карпош инфомрираат дека во тек е акција на службите за поставување „Репелент“ – средство за превенција, односно заштита од змиите.

– Стручните лица го поставија ова наменско средство околу основните училишта и детските градинки на територија на локалната самоуправа. Станува збор за природен производ кој е безопасен за луѓето, животните и околината, којшто придонесува за намалување на појавата на влекачи, велат од локалната смапуправа.

Појавата на влекачи во овие делови е резултат на покачените температури во скопската котлина, како и распространетата вегетација.

– Ова ефикасно средство содржи екстракција на етерични масла од тревки и дрвја, а дејствува на тој начин што шири мирис на свеж оган, при што ги одбива змиите да се приближат до одредена површина, велат надлежните.

Треба да знаете
Последни објави