Search

Тешка сообраќајка кај Богданци, двајца возачи завршија во болница

Полицијата извести дека во полициската станица во Гевгелија било пријавено дека во понеделникот вечерта, на регионален пат 1109, обиколница Богданци, се случила сообраќајна несреќа меѓу возило „опел“, управувано од Б.Г. (62) од Богданци, и возило „мерцедес“, управувано од З.М. (36) од Скопје.

Во несреќата, со тешки повреди се здобил возачот Б.Г., а возачот З.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица од Гевгелија.

Треба да знаете
Последни објави