Search

ЈП „Комунална хигиена“: Масовно непрописно исфрлање отпад во близина на контејнерите во Скопје, сторителите подлежат на санкции

 ЈП Комунална хигиена-Скопје веќе извесен период се соочува со појавата на масовно непрописно исфрлање отпад во непосредна близина на садовите наменети за одлагање на комуналниот отпад. Дивите депонии околу контејнерите настануваат во периодот кога садовите се сосема празни и отпадот може да се одложи во нив.

Во текот на изминатиов викенд, екипите на Претпријатието отстранија приближно 40 кубни метри отпад одложен до контејнерите на булеварот Крсте Мисирков – во близина на т.ц. Мавровка, на улиците Џон Кенеди и Христијан Тодоровски-Карпош во општината Чаир, Народен фронт, Даме Груев, Партизанска и Митрополит Теодосиј Гологанов – во општината Центар, како ина улиците 1510 и Христо Татарчев во скопската општина Кисела Вода.

Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје апелираат да престане тенденциозното непрописно и несовесно исфрлање отпад на јавни површини. Уште еднаш потсетуваме дека секое одлагање отпад надвор од наменски поставените садови претставува директно прекршување на Законот за јавна чистота, а сторителите подлежат на санкции. Ваквото однесување го загрозува јавното здравје и значително ја зголемува опасноста од ширење заразни болести, особено во летниот период.

Треба да знаете
Последни објави