Search

Путин утре и задутре во посета на Северна Кореја

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Северна Кореја на 18 и 19 јуни, соопшти денеска Кремљ.

Северна Кореја е обвинета за снабдување на Москва со муниција за нејзината офанзива во Украина.

Путин ќе патува на покана на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, се вели во соопштението на Кремљ, опишувајќи ја посетата како пријателска.

По посетата на Северна Кореја, Путин на 19 и 20 јуни ќе го посети и Виетнам.

Посетата на Путин на Виетнам уследи по одлуката на таа земја да не испрати свој претставник на самитот во Украина во Швајцарија викендов, туку да испрати заменик-министер за надворешни работи на состанокот на групата БРИКС во Русија претходно оваа недела.

Треба да знаете
Последни објави