Search

Предавање „Трансформации – нинџите и сликата за нив во светот и во Јапонија“

Предавање на тема  „Трансформации – нинџите и сликата за нив во светот и во Јапонија“ ќе одржи професорот од Јапонија Јуџи Јамада денеска и утре во Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет на УКИМ.

Професорот Јамада е специјализиран за средновековна јапонска историја и култура на Универзитетот Мие во Јапонија и во понеделник и вторник ќе се фокусира на историските факти за нинџите чија слика во модерната поп-култура е модифицирана и хиперболизирана.

Предавањето е во организација на Јапонската фондација, Институтот за антропологија и етнологија и Друштвото на македонско-јапонско пријателство и соработка и Амбасадата на Јапонија.

Предавањето е бесплатно и  на англиски јазик. Сите места за понеделник (17.06.) се пополнети, а за резервација на место за вторник (18.06.), заинтересираните можат да се пријават на contact@sk.mofa.go.jp , соопштија од Амбасадата на Јапонија.

Треба да знаете
Последни објави