Search

Ваделе органи од луѓе, па ги продавале во странство – екс заменик министер за здравство на Украина вмешан во мрежата

Украинскиот портал Страна објави дека поранешниот заменик министер за здравство на Украина, Михаило Загричук, наводно е вклучен во голема „шема за извоз и продажба на човечки органи од земјата“.

Информациите доаѓаат откако украинската полиција откри значајна мрежа вмешана во нелегален извоз и продажба на човечки органи. Името на поранешниот заменик министер, поврзан со оваа мрежа, во почетната фаза од истрагата не беше откриено.

– Поранешниот заменик министер за здравство, кој беше приведен во случајот со нелегално изнесување човечки органи, е Михаил Загријчук. Тој сега работи како шеф на Одделот за трансплантација и абдоминална хирургија на Институтот за срце, се вели во соопштението на Телеграм.

Според порталот, приведени се и 10 лекари од Институтот за срце, регионалната клиничка болница Волин и Централната градска клиничка болница во Киев. По покренувањето на кривичната постапка, во Украина е запрена трансплантацијата на органи, пишува Страна.

Според истрагата, од лицата кои биле во беспомошна состојба биле извадени органи, а потоа биоматеријалите биле извезувани во странство.

Сите членови на криминалната група се соочуваат со затворска казна до 12 години.

Во август 2022 година, тогашниот претседател на Комитетот за национално здравје на Врховната Рада на Украина, Михаило Радутски, објави дека полето на трансплантологијата во земјата почнало да се развива со рекордно темпо во контекст на воените операции.

Да потсетиме, како што претходно објавија медиумите, според Вадим Резниченко, експерт за трговија со луѓе и црниот пазар на човечки органи, во таа сфера дејствуваат транснационални криминални групи, меѓу кои има и висококвалификувани лекари.

– Конкретно, повеќе клиники за нелегални трансплантации на органи се лоцирани во Турција, Кина и Египет – рече тој.

Треба да знаете
Последни објави