Search

Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху и до сите граѓани од исламска вероисповед.

Почитуван  реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху,

Дозволете ми Вам лично и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед во Република Северна Македонија, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот муслимански празник – Курбан Бајрам.

Најискрено посакувам празничните денови да донесат среќа, радост, љубов, хармонија и мир.

Курбан Бајрам ги потенцира благодетелта, дарувањето и солидарноста, инспирирајќи нѐ на хумани дела и поддршка на сите на кои им е потребна.

Да си даруваме и помагаме, да си бидеме поткрепа еден на друг, заедно во добро и лошо без разлика на верската, етничката, половата или било која припадност и да работиме на просперитетот на нашата татковина и благосостојбата на сите македонски граѓани.

Честит Курбан Бајрам.

Треба да знаете
Последни објави