Search

Страшна сообраќајка во Грција: 4 мртви, 3 повредени

Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во Грција, четири лица загинаа, а три се повредени.

Според првите информации, во судирот што се случил нешто по 08:00 часот, едно возило изгубило контрола и „закачило“ автобус што минувал.

Од силината на ударот возилото буквално се распаднало и патниците загинале на лице место.

Сударот бил особено страшен, а на местото на настанот излегла полиција, пожарникари и брза помош.

Треба да знаете
Последни објави