Search

Мијалков се огласи на Фејсбук

По повеќе од една година екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков се огласи на социјалните мрежи.

Повод за неговата објава не беше ниту претстојното формирање влада, ниту некој политички настан, туку тој на верниците од изламска вероисповед го честиташе празникот Курбан Бајрам.

„Курбан Бајрам како празник на човечноста, солидарноста и дарувањето, ни го покажува патот на вистинските вредности и не учи дека животот е исполнет само доколку е посветен на правење добри дела и грижа за останатите. Се надевам дека овој голем празник го дочекувате во добро здравје и спокој, во кругот на вашите најблиски. Нека е честит Курбан Бајрам на сите кои го слават и нека донесе благосостојба, љубов и радост во семејствата и многу успеси на професионален план”, напиша Мијалков на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави