Search

Драма во Аеродром: Скопјанец бил физички нападнат поради недоразбирање во сообраќајот

Повторно драма вчера се случувала на паркинг во скопската населба Аеродром каде скопјанец бил нападнат поради недоразбирање во сообраќајот.

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 13.55 часот во СВР Скопје, Д.Б.(34) од Скопје пријавил дека околу 13.50 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Ова станува многу честа појава во населбата каде има се помалку паркинг места, а нетрпеливоста расте.

Треба да знаете
Последни објави