Search

Англија ја победи Србија

Репрезентацијата на Англија ја победи Србија во последниот натпревар од денешната програма на Европското првенство, но впечаток е дека најголем дел од јавноста ќе го критикува Саутгејт за она што неговата селекција го одигра денес во натпреварот во кој влезе како фаворит.

Англија тргна офанзивно и доминираше во стартните минути, па во 13. минута со голот на Белингем по асистенцијата од Сака дојде до водство. Меѓутоа по тој гол како што одминуваше времето Англија како да се повлекуваше и се помалку создаваше шанси.

Посебно во првите 15-тина минути Србија беше подобар противник и создаде неколку добри прилики. Влаховиќ во неколку ситуации се закани, Бирмачевиќ имаше еден добар удар кога Кејн спаси од пред својот гол. На другата страна во една од ретките прилики за Англија напаѓачот на Баерн ја погоди пречката.

Англија ги освои потребните три бода, но дефинитивно јавноста ќе има за што да го кртикува селекторот. Од друга страна Србија ја очекуваат натпреварите против Словенија и Данска во кои ќе се надеваат дека ќе освојат доволно бодови за пласман во нокаут фазата.

Треба да знаете
Последни објави