Search

Турист загина од струен удар во џакузи во Мексико

Американски турист почина откако настрада од струен удар во џакузи во Мексико, објавија локалните власти. Четириесет и тригодишниот маж го делел џакузито со жена, кога се случила несреќата. Таа е префрлена на лекување во САД, но останува во критична состојба.

Инцидентот се случил во приватен комплекс во одморалиштето во градот Пуерто Пењаско во мексиканската сојузна држава Сонора. Јавниот обвинител на Сонора објави дека тие настрадале поради можно електрично празнење додека биле во џакузито.

Едно видео од местото на настанот покажува шокирани очевидци како врескаат во паника додека стојат околу џакузито, кое се наоѓа близу плажа. Еден очевидец изјави дека се обидел да ѝ помогне на двојката, но го стресла струја кога ја допрел водата.

Треба да знаете
Последни објави