Search

Петровска: Ќе воведам централно финансирање на СДММ, таа е срцето на СДСМ

Социјалдемократската младина е срцето на СДСМ и како некој што почнал во младината знам дека и иднината на партијата е таму, вели кандидатката за претседател на СДСМ Славјанка Петровска.

,,Во мојот мандат како Претседателка на СДСМ ќе предложам централно финансирање на СДММ и донесување на годишен буџет на партијата, со посебен дел за СДММ. Заедно ќе работиме на поголема самостојност при одлучувањето.
Академијата за социјалдемократија ќе има специјализирани програми наменети за создавање на млади лидери. Гласот на младите социјалдемократи ќе биде чуен и вреднуван, но и тие ќе бидат дел од процесот на одлучување” порача Петровска на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави