Search

Милиони аџии се упатија кон планината Арафат и покрај екстремно високите температури

И покрај екстремно високите температури, голем број верници денеска се упатија кон планината Арафат, каде повеќе од еден и пол милион муслимански аџии ќе го поминат денот читајќи Куран и молејќи се, а особено ќе се молат за Палестинците во Газа.

Облечени во бело, некои аџии пристигнаа таму во мугрите за да се искачат на ридот висок 70 метри во близина на Мека, каде што пророкот Мухамед ја одржа својата последна проповед.

Бројни верници пристигнаа да го извршат аџилакот, една од обврските што сите муслимански верници мора да ја извршат еднаш во животот, под услов да се физички способни да го направат патувањето до родното место на пророкот Мухамед и под услов да имаат доволно финансиски средства.

Според официјалните прогнози, денеска се очекува температурите да достигнат до 43 Целзиусови степени.

Муслиманските верници утре ќе го одбележат Курбан Бајрам. Минатата година, повеќе од 1,8 милиони муслимани извршиле аџилак, од кои околу 90 отсто дошле од странство

Треба да знаете
Последни објави