Search

Пред пропаѓање е германскиот производител на електрични автомобили „е.ГО“

Производителот на електрични автомобили Next.e.Go Mobile мора да прекине со работата по банкротот.

Пролетта сè уште имаше надеж дека ќе се најдат инвеститори за да може компанијата да продолжи со производството, но сега е јасно дека производителот на електрични автомобили Next.e.Go Mobile е на работ на затворање и да престане со работа.

Ова за германските медиуми го потврди и портпаролот на компанијата, пренесува „Феникс-Магазин“. Околу 200 преостанати работници ќе бидат отпуштени. Всушност, стечајниот управник сега мора да иницира ликвидација на основните средства на компанијата со цел да ги задоволи доверителите ако е можно.

Производителот на електрични автомобили е основан во 2015 година. Идејата беше да се понуди прифатлива алтернатива за скапите електрични автомобили како Тесла со првиот модел, e.Go Life. Возилото се произведуваше сериски од 2019 до 2022 година.

Сепак, компанијата успеа да продаде само околу 1.350 возила до вториот банкрот во март 2024 година. Компанијата мина низ својот прв банкрот во 2020 година, кога се надеваа на e.Go Life, наследникот на e.wave X, за кој наводно веќе се пристигнати 11.000 пред-нарачки. Но, одложувањата во одобрувањето од ЕУ очигледно доведоа до финансиски проблеми и нов банкрот. Сега од амбициозните цели на младата компанија нема да има ништо, пренесува Б92.

Инаку, оваа компанија ѝ е добро позната на македонската јавност бидејќи требаше да произведува електрични возила во технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Тетово, за што во август 2022 година беше потпишан договор, при што беше најавено дека ќе се отворат 3.000-4.000 нови работни места.

Во март годинава, сепак, стана јасно дека од помпезните најави нема ништо, откако беше пренесена веста дека компанијата поднела барање за постапка за несолвентност, што беше чекор до стечај.

Во информацијата се посочуваше дека „Некст.е.ГО. Мобиле“ (Next.e.GO Mobile SE – „e.GO“), иновативен германски производител на електрични возила со батерии, ја објави својата одлука да поднесе барање за отворање на несолвентната постапка до надлежниот округ судот во Ахен. e.GO е подружница во целосна сопственост на Next.e.GO N.V., која е котирана на берзата Насдак во САД.

„Одлуката да се аплицира за отворање на постапките за несолвентност доаѓа во услови на неодамнешни негативни случувања и предизвици во индустријата за електрични возила, нестабилност на пазарите на капитал, влошена од неодамнешната ситуација околу другите играчи во секторот ЕВ“, стоеше во информацијата.

Треба да знаете
Последни објави