Ким Џонг Ун е убеден во зајакнувањето на односите меѓу Северна Кореја и Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска му го честиташе Денот на Русија на рускиот претседател Владимир Путин, изразувајќи уверување во натамошното зајакнување на односите меѓу двете земји и во идната победа и напредок на Руската Федерација, јави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Меѓу другото, Ким изјави дека рускиот народ, под „енергично и верно водство“ на Путин, самоуверено ги надминува различните предизвици како што се санкциите и притисокот од непријателските сили, го штити суверенитетот, безбедноста и интересите на земјата и успешно се движи кон градење силна и напредна Русија, пренесува РИА Новости.

Севернокорејскиот лидер додаде дека народот на Северна Кореја е „секогаш среќен за успехот на Русија“, нивниот пријателски сосед, и изрази целосна поддршка и солидарност до армијата и народот на Руската Федерација, кои се борат за „правдата и вистината “.

Треба да знаете
Последни објави