Руските сили утрово извршија воздушен напад со ракети и беспилотни летала врз Киев, соопшти украинската војска.
Според првичните информации, во главниот град нема жртви или штети бидејќи како што велат градските власти успешно е извршена одбрана на градот.
Гувернерот на Киевската област Серхи Попко наведе дека според прелиминарните информации, Русија во нападот користела комбинација од крстосувачки и балистички ракети, како и беспилотни летала.
Очевидци изјавија дека се слушнале неколку експлозии во и околу Киев.
Воздушна тревога беше прогласена ширум Украина кратко по 03:00 часот по локално време и траеше неколку часа, вклучително и во пограничната област со Полска.
Авионите на Полска и сојузниците се активирани како мерка на претпазливост, објави Оперативната команда на полските вооружени сили.
Во исто време, гувернерот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков, објави дека еден цивил загинал, а тројца се ранети при украинското гранатирање на градот Шебекино -град со 40.000 жители што се наоѓа во близина на границата со Украина, на помалку од 100 километри од Харков. Според Гладков, украинските ракети оштетиле шест куќи и 11 блокови.