Search

ЈП „Водовод и канализација“ известува за прекин со водоснабдување откако тоа се случило

Несекојдневно известување за прекин на водоснабдување испрати вечерва ЈП „Водовод и канализација“ Скопје до своите потрошувачи.

„Ве известуваме дека на ден 11.06.2024г. поради уличен дефект од Ф-400мм на ул.Радишанска бб пред Пумпена станица во населба Радишани, можно прекинато водоснабдување по празнење на резервоарите ќе имаат корисниците од населба Радишани, с.Радишани, Љуботенски Пат и Кучевишка Бара. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 21:50 часот до санирање на дефектот“ стои во објава на социјалните мрежи.

И до тука се е во ред, но објавата е објавена во 21.51 часот, односно една минута по планираниот прекин на водоснабдувањето, што и не е баш навремено, затоа што на граѓаните не им е оставено доволно време да обезбедат резерви на вода, особено имајќи ги предвид високите летни температури.

Треба да знаете
Последни објави