Search

Финска најави зголемени безбедносни мерки долж границата со Русија

– Финските власти денеска соопштија дека ќе ги зголемат безбедносните мерки долж затворената граница со Русија како одговор на „миграциските притисоци од Русија“.

Новите мерки ќе вклучуваат зголемување на бројот на гранични патроли, употреба на повеќе дронови и електронски детектори и поставување огради долж одредени делови од границата, пишува „Украинска Правда“.

Се очекува во наредниот период, пред летните одмори, финскиот парламент да одобри нови, построги законски прописи за безбедноста на границата со Русија.

Треба да знаете
Последни објави