Search

Филипче: Нема веќе нејавување на телефон, ако така не се работи, завршена е приказната

Кандидатот за лидер на СДСМ, Венко Филипче денеска преку видео порача дека комуникацијата и достапноста се клучни за градење доверба.

Според него, нема веќе нејавување на телефон, бидеќи ако така не се работи завршена е приказната.

„Нема веќе нејавување на телефон, и за банална работа. Јас сум бил министер и знам што значи на пораки да се одговара и на телефон да се. Не може мене некој да ми каже тешко е, не е тешко. Јас знам како е. Ние така треба да работиме“, порача Филипче.

Треба да знаете
Последни објави