Search

Руските сили зазедоа две села во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана

Руските вооружени сили денеска објавија дека ја презеле контролата врз селото Мјасожаровка (до 2016 година Артјомовка) во Луганската област во источна Украина и селото Тимковка во соседната Харковска област, објавија британските медиуми.

-Со активни акции, единиците на воената група „Запад“ ги ослободија населбите Артјомовска во Луганската Народна Република и Тимковка во Харковската област, ​​соопшти руското Министерство за одбрана.

Засега нема реакција од украинска страна.

Треба да знаете
Последни објави