Search

Очевидец: Мислев дека се снима филм, го грабнав апаратот и почнав да го гасам човекот

Маж денесла се полил со бензин и се самозапалил во Марковиот трг во Загреб. Лекарите се борат за неговиот живот.

Очевидец, кој бил веднаш до човекот кој се самозапалил, за Подравски лист раскажал што видел.

“Бев буквално на три метри од него и прво помислив дека се снима филм. Кога сфатив што се случува, го зедов апаратот за гаснење пожар и почнав да го гасам. Страшните сцени се уште ми се во главата”, рекол очевидецот од Копривница, кој во моментот на инцидентот се нашол на Марков Трг.

Засега нема индиции дека инцидентот на плоштадот во Загреб, бил политички мотивиран. Иако плоштадот Марко е локацијата на која се наоѓаат зградите на владата и парламентот, човекот кој се самозапали не оставил никаква порака, ниту извикал политички пароли или пораки, објави Индекс.

Неговиот колега од работа за Подравски лист изјави: „Секогаш беше расположен, се шегуваше и навистина е тешко да се замисли дека ќе се реши на такво нешто“.

Треба да знаете
Последни објави