Search

Охриѓанец бесправно градел во стариот дел од градот, полицијата му поднесе кривична пријава

СВР Охрид поднесе кривична пријава  против М.Д.(24) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.

Тој, во својство на закупец, без решение за реконструкција издадено од надлежен државен орган, извршил бесправна реконструкција, доградба и надградба на кровна конструкција на објект на улицата .„Цар Самоил” во Охрид кој се наоѓа во старото градско јадро на Охрид, прогласено за културно наследство од особено значење.

Треба да знаете
Последни објави