Search

Навивачи во Конго претепале судија, префрлен е на интензивна нега

Ужасни сцени се случија по завршувањето на натпреварот во Купот на Конго меѓу ФК Тангањика и Ренесанса Киншаса. Тангањика победи по подоброто изведување пенали.

Резултатот остана во втор план, бидејќи судијата беше нападнат од навивачи и тешко повреден.

Навивачите на Ренесанса влегоа на теренот и веднаш го нападнаа судијата, бидејќи не беа задоволни што тој не досуди пенал во регуларното време.

Судијата се обиде да побегне, но не можеше да се оттргне од навивачите иако одеше кон тунелот и бараше помош од полицајците.

Бил удрен во задниот дел од главата, по што се онесвестил, а како што пренесуваат африканските медиуми, судијата се бори за живот на интензивна нега.

Треба да знаете
Последни објави