Search

Teмелковски: Од името СДСМ, ја снема буквата Д

Зоре Темелковски, еден од основачите на СДСМ, реагира откако вчера се одложи Конгресот на партијата на кој требаше да се расправа за поразот на двојните избори, оценувајќи дека во името на СДСМ ја нема повеќе буквата Д.

„Не е изгубен само компасот, туку изгубен е и капетанот на бродот на СДСМ, а посадата очигледно не обединета, го лула уште посилно и побрзо во амбисот. Денес официјално го снема Д од СДСМ, успеа ова раководство да ја уништи демократијата во СДСМ и на легитимоно избрани делегати на конгрес (од истово ова раководство) да им забрани право на збор на дебата, со цел да не пукнел дополнителен страм. Новото Д во СДСМ од сега е зборот диктатура или дебилизам“, вели Темелковски.

Треба да знаете
Последни објави