Search

54-годишник тешко повреден, излетал од патот и паднал во Лакавичка река

Денеска (10.06.2024) во 04.15 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с.Падалиште, во с.Беловиште, патничко возило „мерцедес” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(54) од Гостивар, излетало од патот и паднало во Лакавичка река. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот,  додека со телесни повреди се здобил неговиот сопатник А.Ф.(52) од Гостивар, констатирани во Медицински центар Гостивар. По овластување на јавен обвинител извршен бил увид на увидна екипа од ОВР Гостивар.

Треба да знаете
Последни објави