Search

Уапсена 56-годишна жена, ограбила спортска обложувалница

Вчера во 19.50 часот на локален пат за село Ростуше, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода 56-годишната В.Т. од село Ростуше, извести МВР.

„Таа се сомничи дека околу 19.30 часот од спортска обложувалница во с.Ростуше одзела пари од дневниот промет. Парите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави