Search

Прозорско стакло падна од Соравија

Од претпоследниот кат на бизнис центарот Соравија попладнево испадна прозорско стакло кое се скрши на тротоарот и на улицата која минува меѓу ГТЦ и Работничкиот дом, објави Телма.

Дел од улицата беше затворен додека вработени го чистеа стаклото. Нема информации за повредени.

Лани во септември, во управителската структура на Соравиа влезе Дрин Ахмети, внукот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Тој планираше преземање на овој бизнис деловен центар, вреден повеќе од 30 милиони евра преку кредит, но потоа внукот на Ахмети извести дека во зделката ќе се вклучи фирма од Тексас, САД.

Треба да знаете
Последни објави