На денешниот отчетен Конгрес на СДСМ се анализираа изборните резултати на претседателските и парламентарните избори 2024 година, врз основа на подготвен детален и обемен Извештај.
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ја образложи неговата одлука за повлекување од функцијата.
Генералниот секретар на СДСМ и Шеф на изборниот штаб, Миле Зечевиќ Вардарски го презентираше деталниот Извештај за парламентарните и претседателските избори 2024 година по што беше отворена дискусија во однос на Извештајот, во којшто се содржани и анализите на изборниот резултат.
Поради обемниот материјал на Извештајот кој опфаќа политички, оперативен и аналитички дел, општинските организации на СДСМ побараа време за да го анализираат, да се произнесат и да дадат свој придонес, на ниво на општински изборни штабови и на ниво на општински организации во конечната верзија на Извештајот за парламентарните и претседателските избори 2024 година.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/06/WhatsApp-Image-2024-06-09-at-14.53.28_aa61bc3a-1024x682.jpg)
Предлогот беше поддржан од мнозинството присутни делегати со што се одлучи Конгресот да прекине со работа, да се даде време општинските организации да го анализираат Извештајот, да се произнесат и дадат свој придонес во конечната верзија со забелешки, сугестии и заклучоци.
Конгресот на СДСМ ќе продолжи откако општинските организации ќе се произнесат за Извештајот за претседателските и парламентарните избори а за терминот дополнително ќе биде утврден.