Search

Чешка ги засили мерките поради конкретна терористичка закана

Чешката полиција ги зајакна безбедносните мерки во Прага и е во состојба на готовност поради закани од терористички напади, со зголемени патроли кои ги чуваат автобуските и железничките станици, трговските центри и местата каде што се собира голем број луѓе.

– Можам да потврдам дека полицијата во моментов презема превентивни мерки. Полицијата води истрага поврзана со напади во странство. Осомничениот е уапсен. На луѓето во Чешка не им се заканува поголем ризик, изјави денеска министерот за внатрешни работи Вит Ракушан.

Треба да знаете
Последни објави