Search

Сеул тврди дека Пјонгјанг повторно испраќа балони со отпад на југ

Северна Кореја повторно испрати многу балони со пластични кеси полни со смет преку милитаризираната граница меѓу двете земји, соопшти Јужна Кореја.

Околу 330 „балони со отпад“ од синоѓа до утрово биле пуштени од Северна Кореја, соопшти Генералштабот во главниот град Сеул.

Повеќе од 80 од нив паднале на територијата на Јужна Кореја. Останатите најверојатно не ја постигнале целта. Отпадот се состоел од хартија и пластика, меѓу другите предмети, пренесе ДПА.

Првичните истраги покажаа дека балоните не содржат опасни материи. Сепак, луѓето беа повикани да не ги допираат.

Акциите на Северна Кореја со балони се реакција на слични активности на јужнокорејски групи, кои постојано испраќаат илјадници летоци и друг пропаганден материјал преку границата во огромни балони со гас.

Во летоците тие ја критикуваат авторитарната власт на соседната земја. Пропагандните активности на јужнокорејските активисти се сметаат за контроверзни во Јужна Кореја.

Според извештаите во јужнокорејските медиуми, две различни групи презеле такви кампањи со летоци во четвртокот и петокот.

Треба да знаете
Последни објави