Search

Папата Француско кани комичари во Ватикан

Папата Франциско, кој вели дека редовно му се моли на Бога да му даде смисла за хумор, ќе прими гости од целиот свет на културен настан во Италија, за прослава на убавината на човечката разноликост.

Помеѓу поканетите гости се и Вупи Голдберг, Џими Фалон, Конан О‘Брајен и Крис Рок, а настанот ќе се одржи на 14 јуни. Како што објави Ватикан, Папата сака да го истакне значењето на комедијата врз современата уметност.

Британскиот комичар, Стивен Мерчант, кој е еден од сценаристите на серијата „The Office“ и италијанскиот комичар Лино Банфи исто така ќе бидат на настанот.

Средбата на папата со комичарите ќе се одржи во петок наутро, пред папата да отпаува на самитот на лидерите на групата Г7.

„Состанокот на Папата Франциско и светските комичари има цел да ја слави убавината на човековата разноликост и да промовира пораки на мир, љубов и солидарност“ велат од Ватикан.

Вупи Голдберг минатиот месец во интервју рече дека на Папата му понудила епизодна улога во комедијата „Сестри во акција 3“, во која таа повторно ќе ја игра својата улога на пејачка која се повлекла во манастир и организирала хор.

„Рече дека ќе види дали има време“ одговори на шега Голдберг на прашањето дали Папата ја прифатил нејзината покана.

Треба да знаете
Последни објави