Search

На ГП „Богородица се делат летоци: Кои документи ви се потребни, совети за побрзо да се премине границата

Полициски службеници на граничниот премин „Богородица“ денеска делеа информативни летоци со важни информации, што можат да им помогнат на патниците да се подготват предвреме и да ги избегнат долгите чекања на граничните премини.

Во летоците се наведени сите потребни документи што патниците треба да ги имаат со себе, како и совети за тоа како да се организираат за побрзо и поефикасно преминување на границата, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Притоа, особено се нагласува дека од посебна важност е патниците да ги следат инструкциите и препораките на полициските службеници и на тој начин и тие со своето поведение, да придонесат за намалување на времето на чекање и за побрз проток на сообраќајот, нагласуваат од МВР.

Граничната полицијата ги советува патниците да ги проверат нивните документи пред да тргнат на патување и да се осигураат дека ги исполнуваат потребните услови за преминување на границата.

– Со овие превентивни и едукативни мерки, РЦ за ГР ЈУГ се стреми да обезбеди пријатно и безбедно преминување на патниците за време на патувањата во текот на летната туристичкa сезона, истакнуваат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави