Search

Колони возила чекаат да ја напуштат Македонија – Почнаа гужвите на македонско-грчката граница

Гужвите на македонско-грчката граница, односно ма преминот „Богородица,“ станаа постојана слика за време на викендите. Долги колони, стотици автомобили чекаат да излезат од Македонија кон Грција.

Со почнувањето на жешкото време започнаа и гужвите на македонско-грчката граница.

Најголем дел од автомобилите на граничниот премин „Богородица“ кои чекаат да поминат граница се со македонски и со српски регистарски таблички. Чекањето во место предизвикува нервоза кај патниците. Тие посочуваат дека оваа слика се повторува од година во година, а решение нема.

Треба да знаете
Последни објави