Search

За прв пат ВЛЕН ја добива Филхармонија – уметниците повторно жртва на политички игри

Според информации во повеќе медиуми, веќе е направена конечната поделба на директорки и заменик директорски места во новата владина коалиција.

Коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ ќе управува со МЕПСО, Пошта, Македонија Пат, Управата за финансиско разузнавање, Управа за водење на мМатичните книги, Државните резерви

Но ВЛЕН ќе добие директорско место и во Филхармонија институција што до сега секогаш била раководена од кадри од најголемата партија во владејачката коалиција.

Ваквите најави предизвикаа револт кај дел од вработените во оваа значајна културна институција.

– Ве гласаа 99% од филхармоничарите на овие избори, ви дадовме максимална поддршка, а вие ја дадовте Македонската филхармонија, единствениот чист храм, национална институција со традиција 80 години, заштитен македонски музички храм и гордост на Влен, пишува вработен во Филхармонија во коментар на Фејсбук.

Филхармонија одново се наоѓа во фокусот на вниманието поради лоши вести и се чини дека уманиците од оваа национална куќа, одново се жртви на политички игри и калкулации.

Треба да знаете
Последни објави