Search

Голема поплава во Австрија- се излеа река во близина на Грац

Силно невреме вчера попладне зафати делови од Австрија.

Огромните количества дожд предизвикаа одрони и поплави кои ги однесоа автомобилите „како да се кибритчиња“, опишуваат некои сведоци. Во општина северно од Грац, реката се излеа на улиците, неколку луѓе останаа заробени во автомобилите, но за среќа нема извештаи за жртви.

Центарот на градот Убелбах е целосно под вода, поплавени се и железничките линии, а до некои делови може да се стигне само со чамец. Има чести прекини на струја, а Црвениот крст отвори итен прифатен центар во училиштето, пишува Кронен Цајтунг.

Неколку автомобили биле заглавени меѓу две згради, а нивните возачи и патниците се качиле на покривите. Жителите на околните поплавени куќи можеле само да ги гледаат, струјата била пресилна за да се обиде да дојде до нив за да им помогне.

Локалниот штаб за цивилна заштита издаде предупредување во кое временските услови ги опишува како „опасни по животот“. На жителите им се препорачува да не влегуваат во подрумите и да ги следат каналите на итните служби за дополнителни информации. Нивото на предупредување е зголемено и во Егерсдорф, каде се стравува дека може да дојде до нови поплави.

Невремето го зафати и Грац, каде е забележан силен град, кој на места урнал дрвја. Пожарникарските сирени одекнуваа низ градот цела ноќ. Во Австрија се прогнозира дека невремето ќе продолжи и денеска, а не е исклучена можноста и утре да падне силен дожд.

Треба да знаете
Последни објави