Search

(Вознемирувачко видео): Се урна балкон во ноќен клуб во Мексико, има загинати и повредени

Две лица загинаа, а 15 се повредени при уривање на балкон во ноќен клуб во мексиканскиот град Сант Луис Потоси, соопшти државната служба за цивилна заштита на Мексико (ЦЕПЦ).

Несреќата се случила во ноќниот клуб Рич во локалниот трговски центар Алтус, пишува мексиканскиот дневен весник Миленио.

Според информациите клубот немал соодветни дозволи за работа, а директорот на трговскиот центар Маурицио Ордаз Флорес изјавил дека Државната служба за цивилна заштита извршила проверка на 15 март и утврдила дека клубот не ги исполнува безбедносните стандарди.

На социјалните мрежи се објавени вознемирувачки видеа од несреќата.

ЦЕПЦ потоа побара од раководството на клубот да ги исполни потребните услови за да може да се издаде работна дозвола.

Локален функционер на прес-конференција изјави дека една од оградите на третиот кат од трговскиот центар се срушила под притисок на луѓето.

Тој додаде дека е констатирано дека во клубот се одржувал настап на некој пејач, иако управата на објектот не поднела барање до надлежните органи за тоа и немало одобрение од ЦЕПС да го реализира тој настан.

Треба да знаете
Последни објави