Search

Албанската полиција само во мај запленила имот вреден над 10 милиони евра, стекнат од криминални активности

Албанската полициска статистика потврдува дека само во месец мај запленет е имот вреден 10,5 милиони евра стекнат од криминални активности.

Исто така запленети се и 181 килограм марихуана, 11,3 кг. кокаин, илјадници дози од овие супстанци, 470 дози хероин и 5000 семки канабис.

Финализирани се 84 операции против одгледување наркотици, од кои 11 во соработка со меѓународни партнери, при што уништени се над 10 илјади стебла марихуана.

Во периодот од 31 ден, за различни кривични дела уапсени се 635 лица, при што 67 од нив биле барани со меѓународна потерница.

Разбиени се три криминални групи кои продавале наркотици и шверцувале оружје од Косово или од Англија

Треба да знаете
Последни објави