Search

Зверев противник на Алкараз во финалето на Ролан Гарос

Германскиот тенисер Александар Зверев го синоќа го победи Норвежанецот Каспер Руд со 3:1 (2:6, 6:2, 6:4, 6:2) во полуфиналето на Отвореното првенство на Франција 2024.

Мечот траеше 2 часа и 38 минути. 

Дваесет и седумгодишниот германски тенисер првпат во кариерата стигна до финале на Грен слемот во Париз. Пред ова, три години по ред настапот на турнирот го завршуваше во полуфиналната фаза.

Во финалето на Ролан Гарос, Зверев ќе игра против 21-годишниот Шпанец Карлос Алкараз, кој претходно во пет сета го победи светскиот рекет број два Јаник Синер (2:6, 6:3, 3:6, 6:4, 6:3). 

Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Париз изнесува 53,5 милиони евра. 

Треба да знаете
Последни објави