Search

Meџити: Новата влада ќе го намали бројот на казина

Изет Меџити, за кого се говори дека ќе биде вицепремиер во владата на Мицкоски, во изјава за Лајм вели дека во рамки на преговорите за нова влада е постигната согласност во првите 100 дена да се разгледаат сите одлуки од сферата на коцкањето кои се сомнителни.

Меџити вети дека новата влада ќе го намали бројот на казина и обложувалници.

„Ние нема да земеме учество во раководењето со Лотарија или со други форми на обложувањето. Разговаравме за тоа една од првте точки во владиниот мандат да биде преиспитување на одлуките поврзани со казината со цел да се укинат незаконските решенија што се донесени и, очигледно, радикално да се намали нивниот број бидејќи имаме кревка економија, а младите бегаат од државата. Не ни се потребни казина и обложувалници, потребни се нови и одржливи работни места и инвестиции за вистински развој“, изјави Меџити.

Треба да знаете
Последни објави