Search

Холанѓанец повреден во Охридско Езеро

Преку Единствен повикувачки број за итни повици 112 во околу 12.00 часот е добиена дојава за повредено лице кое удрило во камен во Охридското Езеро и истото со кајче се пренесува до пристаништето на хотелот „Александрија“ во Охрид, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

За итниот случај, од ЦУК веднаш е известена Итна медицинска помош и од нивна страна во моментот се презема лицето, по што истото ќе биде пренесено во болница во Охрид. Инаку, повреденото лице е странски државјанин од Холандија, велат од ЦУК.

Треба да знаете
Последни објави